Откако пред четири дена стапи на сила владината одлука за забрана за движење по шума доставени се само четири барања до надлежните институции. Исклучително се високи казните за оние кои ќе бидат затекнати без дозвола.Охриѓани незаинтересирани за вадење дозволи за прошетка во шума.

Забраната за движење по шума или во нејзини делови, заради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари ги одврати охриѓани од прошетки во планина. По изминати четири денови од стапување на сила на Владината одлука досега нема барања за движење ниту од планинари, како и од берачи на шумски плодови .Задолжени за издавање дозволи се Националниот Парк и Јавното Шумско Претпријатие Галичица.Во националниот парк е издадена една дозвола за 28 студенти од природно математичкиот факултет од катедрата за биологија.
Досега има само тројца заинтересирани кои поднеле барања за дозвола до јавното шумско претпријатие Галичица. До ова претпријатие се обратил еден таксист за превоз на работници на сеча во шума,еден одгледувач на пчели и работник на одржување на водовод. Во делови со кои стопанисува ЈШП Галичица има два пункта, едниот е над селото Завој, а другиот на Славеј планина.Шумочуварските служби имаат задача да ги легимитираат лицата кои ќе ги затекнат во шумските предели Доколку не поседуваат дозволи ќе бидат казнети со исклучително висока парична казна која ссе движи од 1000 до 2000 евра

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: