Врнежите од дожд и ниските температури ја намалија опасноста од пожари. Тоа беше и причината, да ја намалиме мобилноста на нашите екипи, кои до сега,  вршеа контроли на теренот 24 часа во денот, велат од Националниот парк Галичица и додаваат- сега тие се сведени на само редовни проверки.

Кон намалување на степенот на опасност, придонесе и Забраната за движење во шума, при што движење е можно, но само со специјални дозволи.  

Од Галичица објаснуваат дека со цел состојбата во паркот да остане стабилна и ризикот од пожари да биде сведен на минимум, се вршат обуки на населението кое живее во селата во рамки на националниот парк Галичица. Со таа цел, неодамна бил одржан и состанок на кој присуствувале претседателите на МЗ од овие села.

Забраната за движење во шума или во одделни нејзини делови, која неодамна ја изрече Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и понатаму останува. Можно е движење само со специјални дозволи. Во спротивно, за непочитување на одредбите од забраната, на правните субјекти ќе им се изрекува глоба од 12. 000 до 20. 000 евра. За физички лица, казната изнесува од 1. 000 до 2. 000 евра.
Забраната ќе трае заклучно 30 септември 2008.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: