Categories
Охрид

Докторската етика во нашиот град

Пациент со болки бил грубо избркан од приватна ординација затоа што не успеал да обезбеди упат од матичен лекар.

Пациент со болки бил грубо избркан од приватна ординација затоа што не успеал да обезбеди упат од матичен лекар.

Наместо да го прегледа пациентот, специајлистот го прашал: дали кога оди во продавница пазари без да плати. И покрај ветувањето дека во најкраток можен рок ќе добие упатот, лекарот не сакал да изврши преглед. Од Министерството за здравство ветуваат дека ваквите инциденти наскоро ќе бидат се поретки.

Пациент со силни болки, бил грубо избркан од приватна ординација за Уво, грло и нос, без специјалистот воопто да го погледне, ниту пак да изврши основен преглед. Единствената причина била што пациентот, вчера во раните утрински часови, поради силните болки не бил во можност да обезбеди упат од матичен лекар.

„ Со силни болки, вчера рано утрината, отидов во ординацијата каде веднаш ме прашаа дали имам книшка и упат од матичен лекар. Им реков дека поради силните болки не успеав да земам упат. При тоа, со голема иронија и арогантност, лекарот ме праша- дали кога одам да пазарам, земам производи без да платам. Шокирана веднаш ја напуштив ординацијата“, раскажува пациентката.

Ова не е прв пат пациенти да се жалат до ТВМ поради арогантниот и крајно некоректен однос на охридскиот лекар- специјалист. Пациентите прашуваат- каде исчезна докторската етика според која пациентот и грижата за неговата здравствена состојба се на прво место. Или пак, додаваат тие, парите им го заматија умот, па го загубија и најосновниот човечки однос кон пациентите кои ги посетуваат ординациите од единствена причина- што ги имаат здравстевни проблеми.

Од Министерството за здравство признаваат дека еден од главните проблеми во македонското здравство е токму некоректниот однос на релација лекар- пациент. Тоа е и причината што едни здравствени ординации се преполни со пациенти, а во другите нивниот број постојано опаѓа, вели заменик Министерот за здравство, Владимир Лазаревиќ. „ Од таа причина ние како министерство, не ги насочуваме каде да одат пациентите за преглед и им оставаме можност да го променат и матичниот лекар. Докторите заработуваат на пациентите и од тоа зависи колку работа ќе имаат тие. Ако се со лош однос, тие ќе имаат и помал број пациенти“, коментира Лазаревиќ.

Лазаревиќ ветува дека наскоро, ваквите инциденти ќе бидат се поретки. Со таа цел, неодамна беше донесен Законот за заштита на правата на пациентите, со кој точно се регулираат нивните права и обврски. Наша основна цел е да создадеме контролиран пазар во здравството во чиј центар ќе биде пациентот- објаснува Лазаревиќ.
За потсетување- секој лекар кога започнува да ја врши здрвствената дејност, полага Хипократова заклетва. Во неа меѓу другото стои: свечено се обврзувам дека својот живот ќе го ставам во служба на хуманоста. Својата дејност ќе ја обавувам совесно и достоинствено, при што најважно ќе ми биде здравјето на моите пациенти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *