Детски „Игри без граници“

Симболично одбележување на детската недела, во  градинката „Јасна Ристеска“ во Охрид.

deca
деца

Симболично одбележување на детската недела, во  градинката „Јасна Ристеска“ во Охрид. Игри без граници го означија правото на децата за безгрижна игра.

decaВо детската градинка „Јасна Ристеска“, денеска се одржаа „Игри без граници“. Настанот се организира по повод детската недела, при што симболично се одбележуваат правата на децата ширум светот
Покрај децата од оваа градинка учество земаа и основците од „Јахаја Кемал“ и дечињата од детската градинка „Биљана“. „Правата не децата се наша водилка секојдневно во нашите активности, ги надополнуваме и практикуваме постојано, и настојуваме задоволството од престојот тука, на децата да им претставува задоволство“, вели директорката Марина Петроска Тодороска. Со пригодна свеценост, и пријатни зборови упатени до присутните, таа ги прогласи детските игри за отворени.

Децата уцесници во игрите, весело потскокнуваа од еден на друг од објектите предвидени за натпреварување. Нивната радост беше неизмерна. Бескрајно задоволство се гледаше на малите детски лица. Дополнителен позитивен импулс, кон целокупниот настан, дадоа новите детски реквизити за игра, кои беа поставени во дворот на градинката. „Играчките ги набавивме пред одреден период, но денешното случување беше прекрасна можност за нивно презентирање“, вели Тодороска.

Денешниот ден, со различни пригодни активности, беше одбележан во сите 5 детски градинки во Охрид.
„Игрите беа одбрани според возраста на децата, и беа поделени на возрасни групи“, велат инволвираните во нив. „Инаку реквизитите за игра, кои се поставени во дворот на детската градинка„Јасна Ристеска“, ќе можат да ги користат сите деца од градот“, велат вработените.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top