Categories
Охрид

Фекалните води од населбата Св.Стефан од синоќа се излеваа во околните ливади

Поради физичка повреда на колекторската цевка од страна на несовесен граѓанин, колекторскиот систем во овој дел од крајбрежието не функционираше. Екипи од Проаква интензивно работеа и попладнево го отстранија дефектот.

Несовесен граѓанин со градежен шут ја затрупа колекторската цевка кај Гоца три.  Поради тоа од вчера попладне фекални води се  излеваа во овој дел од охридското крајбрежје. Непознатиот сторител, вчера попладне со тешка механизација буквално го откорнал бетонскиот капак на шахтата од колекторскиот систем и целосно ја наполнил со земја по што повторно го затворил капакот и над него ставил насип од земја во висина од речиси еден метар и половина. Љубомир Чаулев, техничкиот директор на  РЕ Колекторски систем, вели дека ваков случај во неговото долгогодишно работење нема сретнато. ,,Се наликува на саботажа, додава тој, па против сторителот ќе поднесеме пријава со цел да одговара за стореното дело,,.

Инаку синоќа екипи на Проаква веднаш излегле на лице место со цел да го  отстранат дефектот настанат поради физичка повреда на колекторската цефка. Интензивно работеле се до полноќ, а од раните утрински часови две екипи со целосна механизација беа ангажирани за што побрзо  колекторскиот систем повторно да се стави во функција.  До тринаесет часот дефектот беше отстранет.

,,Засега  не може точно да се каже колку Проаква ќе ја чини  овој зафат,, , вели Чаулев и додава дека до утре ќе се направи финансиската проценка, но сигурно не ќе е помалку од пет илјади евра

. Чаулев потенцира дека во иднина секој оној кој има намера да врши некакви зафати во близина на колекторскиот систем ќе мора да побара одобрение од државата или од локалната, а Проаква ќе биде многу поажурна во контролата на колекторот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *