Црвениот крст од Охрид, уште еднаш најдобар во промоцијата на хумани вредности

Од вкупно 150 проекти изработени од  организации на Црвен крст во целата држава, нaјбројни, најуспешни и оценети со највисоки оценки беа шесте проекти кои ги изработија 40 млади волонтери на Црвен крст Охрид со кои помогнаа на повеќе од 100 лица од ранливата категорија на граѓани од Охрид.

 |   | 

Од вкупно 150 проекти изработени од организации на Црвен крст во целата држава, нaјбројни, најуспешни и оценети со највисоки оценки беа шесте проекти кои ги изработија 40 млади волонтери на Црвен крст Охрид со кои помогнаа на повеќе од 100 лица од ранливата категорија на граѓани од Охрид. Поради овие достигнувања тие се добитници на највисокото признание, Пехарот за 2019 година за ПХВ програмата.

Циклусот Црвен Крст во акција, промоција на хумани вредности за 2019 гдина заврши. Од вкупно 150 проекти изработени од организации на Црвен крст во целата држава, најбројни, најуспешни и оценети со највисоки оценки беа шесте проекти кои ги изработија 40 млади волонтери на Црвен крст Охрид со кои помогнаа на повеќе од 100 лица од ранливата категорија на граѓани од Охрид.Ова е трет пат како нашата општинска организација со гордост го добива највисокото признание, пехарот за 2019 година за ПХВ програмата. Сашо Точко – претседател на О.О. Црвен Крст Охрид истакна дека огромна е гордоста што токму нашите млади волонтери коишто делуваа во Црвен крст во овој период, работеа на 8 проекти од кои шест беа оценети со највисока оценка во целата држава.

„Навистина сме горди и исполнети што Над 150 изработени проекти од 15 општински организации.01,00„Најуспешни беа нашите проекти што е навистина големо задоволство, гордост, поттик и мотивација за останатите наши волонтери кои доаѓаат во нашиот Црвен крст да видат како може да се исполнат себе си и како може да го почуствуваат она највозвишено чуство, среќа, радост кога помагате некому. Значи туѓата среќа ве исполнувца. Тоа го покажаа овие младинци. 50 од нив работеа на 8 проекти, помогнаа на преку 100 лица, најразлични видови помош, од купување на велосипед за лица со посебни потреби, до изградба на купатило, до плаќање сметки и приклучок за струја, се тоа се снајдоја за да помогнат на ранливата категорија на луѓе“ рече Сашо Точко – претседател на О.О. Црвен Крст Охрид.

Токму затоа највисокото признание Пехарот за 2019 година за ПХВ програмата оваа година му беше доделен на Црвен крст Охрид на свеченост која се реализираденес во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид и на која присуствуваше дел од раководството на Црвен крст на Р. Македонија, на општински организации од целата држава, претставници на Општина Охрид и други гости.

„Охрид трет пат во овие 21 година откако се спроведува програмата, сметам дека целата подршка кои ја добиваат овие млади волонтери во вашата општинска организација, во вашиот град е навистина многу голема, како една сложувалка како што и се викаше еден од проектите и токму заради тоа резултатите се неминовни. Тоа подразбира добра обука, добра селекција, добад дисеминатор кој добро ги поминал обуките кој понатака ги мотивира младинците, тим на инструктори коишто рагботат со овие младинци, подршка од претседателот, стручната служба за да на крај тие брилијираат“ кажа Александра Ристовски – национален координатор на ПХВ програма.

Ристовски додава дека не секогаш на младите им е лесно, дека се соочуваат со ситуации во кои им се кажува дека се мали, дека се соочуваат со ситуации на кои едноставно не им се дораснати но тие покажуваат дека преку програмата и волонтирањето во Црвениот Крст стануваат одговорни граѓани на нашата заедница.

„Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) е програма која веќе дваесетта година се имплементира во Македонија од страна на организациите на Црвениот крст. Целта е вклучување на младите во заеднички проекти за изградба на взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top