Categories
Охрид

Калигула на Албер Ками на Охридско лето

Станува збор за копродукција на Пандур театар од Љубљана и хрватскиот Гавела Театар.

Станува збор за копродукција на Пандур театар од Љубљана и хрватскиот Гавела Театар.

За човекот кој се соочува со апсурдноста на егзистенцијата, за третиот римски цар кој бил убиен по 4 години владеење во 29- та година од својот живот- се зборува во Калигула, драмата која утре е на репертоарот на фестивалот Охридско лето. Гостуваат пандур Театар од Љубљана и хрватскиот Гавела Театар.
За Томаж Пандур, режисерот на претставата, претставува вистински предизвик да се режира едно дело на Албер Ками.
Претставата ќе се игра на сцената на Антички театар. Ливио Бадурина, актерот кој во претставата го игра ликот на Калигула, вели дека оваа локација е идеална за  да се игра една историска претстава.
Со оваа претстава, охридскиот фестивал за прв пат влегува во копродукциски односи со театарски институции и фестивали, по што Охридско лето ќе биде претставуван и промовиран на сите културни манифестации на кои ќе настапуваат Гавела и Пандур театрите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *