Categories
Охрид

Бугарскиот амбасадор маршира со охриѓани

Започна планинскиот марш по повод деведесет годишнината од Првата Светска Војна организиран од здружението „Хоризонти“.

Десетина млади членови на охридското здруженение за толеранција и соработка – “ Хоризонти“, во придржба на бугарскиот амбасадор во РМ – Михо Михов, тргнаа на планински марш, за да ја одбележеле деведесет
одиншнината од крајот на Првата светска војна.

Претседателот на здружението Љупчо Куртелов, кажа дека ги поканале и амбасадите на земјите учеснички во војната која како што велат- пред скоро еден век се одвивала на територијата на денешна Македонија.
Овој нивни потег според Куртелов е симболичен чин на помирување на Балканот. За него ова е планинарска акција водена од алтруистички и мирољубиви, а не национални побуди.

Информациите дека на планинскиот марш, по линија на фронтот од првата светска војна ќе се движат и бугарски војници, лесно наоружани, иницијаторот вели дека се тендециозни.

Куртелов негираше дека со себе носат и бугарски знамиња кои ќе бидат поставувани на македонските планински сртови.
Инаку предвидено е овој планиснки марш Охрид – Дојран да се одвива во две етапи. Првата завршува в недела на 13 јули, со стигнување во битолското село Цапари. Поради летните горештини втората етапа од маршот по повод крајот на првата светска војна ќе продолжи наесен, од Битола преку Караорман, до Дојран.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *