Претседателот на државата Бранко Црвенкоски имаше брифинг со новинарите.

При тоа новинарите се интересираа дали тој повторно ќе се кандидара на престојните претседателски избори. Црвенкоски не ја откри својата намера. Одлуката ја има, но не е време да ја соопшти.

Претседателот на државата Бранко Црвенковски денеска оствари средба со дописниците на националните медиуми и новинарите од локалните радио и тв станици. На средбата претседателот Црвенкоски и новинарите разменија мислења околу актуелните случувања во државата и Охрид. Претсдателот покажа интерес какао се одвива туристичката сезона во Охрид. Разговорот неодминливо ги опфати и политичките теми на кои Црвенковски се осврна и на трибината во Центарот за култура која се одржа вчеравечер. Новинарите се интересираа дали Црвенковски повторно ќе се кандидира за претседател на државата.При тоа беше кажано дека претседателот ја има донесено одлуката, но ќе ја соопшти во јавноста кога ќе е време за тоа.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: