Categories
Охрид

Благородничка од седмиот век п.н.е. пронајдена на Плаошник

Иако се работи за вреден артефакт од периодот на бронзено доба на преминот кон железното, скелетот е речиси целосно зачуван.

Иако се работи за вреден артефакт од периодот на бронзено доба на преминот кон железното, скелетот е речиси целосно зачуван. На него имаше метален рачно изработен колан со правилно изработени геометриски кругови, а на рацете две широки белегзии. Она што посебно наведува дека станува збор за принцеза или благородничка од највисок ред е круната на нејзината глава.

Благородничката од седмиот век пред нашата ера, е пронајдена на Плаошник јужно од главниот влез на Плаошник во непосредна близина на свети Климентовиот храм, на длабочина од скоро 2 метри. Скелетот е долг 1. 60 сантиметри. Првиот човек на управата за заштита на културно наследство, Паско Кузман, вели дека станува збор за личност од повисоките кругови на тогашното општество.

Несакајќи однапред да прејудицира, за новото откритие на Плаошник, Кузман го употребуваше терминот благородничка, иако археолозите кои работат на најзначајниот македонски локалитет првично сметаа дека станува збор за принцеза. На тоа наведува накитот кој на себе го имаше благородничката. На скелетот имаше метален рачно работен колан со правилно изработени геометриски кругови, а на рацете две широки белегзии. Она што посебно наведува дека станува збор за принцеза или благородничка од највисок ред екруната на нејзината глава.

Иако се работи за вреден артефакт од периодот на бронзено доба на преминот кон железното што значи се работи за крај на седми и почеток на осми век пред нашата ера, скелетот е речиси целосно зачуван. Кузман вели дека токму црвената земја која се нарекува уште и здрава земја каде е и пронајден, ги изачувала остатоците на благородничката во ваква состојба.

Со овие поголеми археолошки истражувања на Плаошник за прв пат наидовме на силниот праисториски културен хоризонт на просторот на Охрид, вели Кузман. Тој кажува дека истражувањата продолжуваат и понатаму, бидејќи свети климентовата земја криела многу поголеми археолошки богатства од она што очекувале .Инаку за потсетување на овај локалитет беше пронајдена и бронзена фигура на Дедал, првиот митолошки летач.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *