Categories
Охрид

Досегашните изведби на аматерски претстави покажаа дека охриѓани се гладни за театар

Неминовна е потребата од професионален и аматерски театар категорични се младите аматери актери.
Членовите на охридскиот аматерски театар вечерва ја изведуваат комедијата Сомнително лице.

Неминовна е потребата од професионален и аматерски театар категорични се младите аматери актери.
Членовите на охридскиот аматерски театар вечерва ја изведуваат комедијата Сомнително лице.

Димитар Зафироски и Марко Танески се дел од охридскиот аматерски театар, а кој го сочинуваат
10 – тина членови. Аматерите глумци ќе ја изведуваат комедијата, Сомнително лице. Младите актери со воодушевување настапуваат во оваа комедија.

Јас театарот го сфаќам како бегство од реланоста и за кратко да живееме,преку улогите во поинаков свет. Прекрасно е чувството да се биде за миг во туѓа кожа вели Димитар Зафироски. Досега преставата ја одиграле десетина пати. Задоволни се од посетеноста на охридската публика која во неколку наврати ја наполнила салата во центарот за култура.

Во комедијата Сомнително лице, главниот лик на началникот Јеротије Пантиќ, го толкува Марко Танески.
Тој вели како и преостанатите членови во групата, аматерски со глумата се бават од основно и средно училиште. Во совладување на актерските вештини многу ни помогна охридскта актерка Марија Новак, додаваат овие млади луѓе. Својот ентузијазам и љубовта кон театарот не ја кријат. Членовите на аматерскиот театар планираат идни проекти. Тие од септември ќе започната со подготвка на претставата Пепелашка, но во една понаква, современа форма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *