Categories
Охрид

Александар Петрески го напушти ЗЕЛС

Актуелните случувања во државава го задумаа Петрески дали повторно да се кандидира за градоначалник. Актуелните случувања во државава го задумаа Петрески дали повторно да се кандидира за градоначалник.

Изградбата на современ градски пазар и нова автобуска станица ќе причекаат. Поради апсењето на струмичкиот градоначалник, Зоран Заев, охридскиот градоначалник Александар Петрески ќе биде повнимателен при донесувањето на некои значајни одлуки. Петрески вели, „актуелната власт бара влакно во јајце па поради тоа човек не знае дали да работи или само да седи и да чека да му помине мандатот“.

Актуелните случувања во државава  ќе го забават и процесот на децентрализација. Пред повеќе од две години оваа постава на градоначалници на свои плеќи го понесе товарот од воведувањето на овој процес. Европската унија во повеќе наврати пофално се изрази како тој се спроведува. Од вчера триесет и четири градоначалници од Сдсм ја замрзнаа работата во ЗЕЛС, а со тоа се доведува во прашање неговиот опстанок. Но, најверојатно, ваквиот развој на настаните и одговара на актуелната власт која на ваков начин се подготвува за претстојните локални избори потенцира Петрески

Поради негативните случување во државата, Петрески, иако најавуваше кандидатура за втор мандат за градоначалник, сега се премислува. Причина повеќе за ваквиот став на Петрески е и неодамна поднесената иницијатива на Антикорупциската комисија за поднесување кривична пријава против него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *