Categories
Охрид

Уште една акција за заштита на животната средина

Ј.П. „Комуналец“  во соработка со националните и локалните медиуми ќе спроведе чистење на дел од магистралниот пат Охрид-Св. Наум.

Административци од Ј.П. „ Охридски Комуналец“, новинари и совесни граѓани ќе чистат дел од магистралниот пат Охрид-Св. Наум. Акцијата започнува утре во 7 часот, а посебен акцент ќе се стави на местото „Градиште“. Ова не е дел од редовните активности на „Комуналец“, вели директорот Боро Павлоски, „но ќе се ангажираме во чистењето на овој потег бидејќи во оваа состојба во која што е претставува грда слика и за охриѓани и за гостите“.

Павлоски кажува дека претходнава недела ваква акција била спроведена на потегот од Св. Стефан до „Елешец“ како и од кључката кај Подмоље до влезот на Охрид. „Овие иницијативи се за поздравување, потенцира првиот човек на „Комуналец“, но немаат долготраен ефект. После неколку дена состојбата повторно ќе биде иста“, додава тој.

Павлоски апелира во ваквите акции да се вклучи и Националниот парк „Галичица“ како и „Македонија пат“ под чија надлежност е оваа магистрала, а во иднина ресорните министерства од својот буџет да издвојат средства со кои ќе се одржува хигиената на овие места.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *