45,95 % излезност во Охрид до 17 часот-Струга 36,16 %

Мирно и без проблеми се одвива гласањето на сите избирачки места во Охрид.

 |   | 
ДИК

Мирно и без проблеми се одвива гласањето на сите избирачки места во Охрид.

Според последните податоци од ДИК, од обработени податоци од 70 од 88 избирачки места, во Охрид до 17 часот на гласање излегле 19 317 охриѓани или 45,95 %.

Струга – 13 675 или 36,16 %

Вевчани – 1 333 или 64,27 %

Дебрца – 2 317 или 53,29 %

Охриѓани гласаат по осми пат за избор на локална власт, а може да направат избор меѓу тројца кандидати за градоначалник и 11 советнички листи.

Има измени на локациите на две избирачки места. Гласачкото место 1255/1 кое што беше сместено во просториите на Територијалната противпожарна единица, во овој изборен циклус запишаните избирачи ќе гласаат во просториите на ОУ „Братство Единство“. Има и една суштинска промена на гласачкото место 1271, бидејќи бројката на запишани избирачи надминува 1.200. Во насока на почитување на ковид протоколите, гласачите од цела улица „Лазо Трпоски“ сега своето право на глас ќе го остварат на избирачкото место 1274, сместено во просториите на музичкото училиште „Методи Патчев“. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top