Categories
Охрид

Започна 41- от по ред Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

На семинарот ќе учествуваат слависти од над 20 земји.  Тие важат за пријатели, лобисти и амбасадори на Македонија во светот, потенцираат организаторите.

Од денес до 28 август Охрид ќе биде домаќин на 41- от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Учество ќе земат над 90 македонисти од словенските земји, како и слависти од САД, Канада и од западноевропските земји.
Во текот на изминатите години, преку овој семинар беа создадени голем број познавачи на македонскиот јазик. Македонија стекна бројни свои амбасадори, лобисти и верни поријатели во целиот свет- потенцира на свеченото отворање на семинарот, Ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, професор Ѓорѓи Мартиноски.    
Дел од учесниците на годинешниот семинар се слависти кои години наназад доаѓаат во Охрид и учествуваат на оваа значајна манифестација.
Професор Волф Ошлис, славист од Германија, вели дека е среќен што и годинава ќе учествува на семинарот, во кругот на своите долгогодишни колеги и пријатели.
Меѓу учесниците  присутни се светски познати слависти како што се академиците Иван Доровски, Маќеј Кавка, Ирена Ставови-Кавка, преведувачката Олга Пањкина од Москва и уште многу други.
Во рамки на семинарот  ќе се одржи и Научна конференција за македонскиот јазик. Покрај предавањата на истакнати македонски академици и лекторски вежби, во рамки на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, ќе се одржи и традиционалната  преведувачка работилница.
Идниот месец, од 10 до 16 септември, Охрид за прв пат ќе биде домаќин на Светскиот славистички конгрес. Учество ќе земат над 200 слависти од светот. Ќе присуствуваат и дел од учесниците на Семинарот за македонски јазик, литература и култура.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *