3ца позитивни на вирусот и 4ца излекувани во Охрид во последните 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид 19 од кои по 3 нови случаи во Охрид и Струга.

 |   | 

Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид 19 од кои по 3 нови случаи во Охрид и Струга.

Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г). 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од кои 4ца од Охрид. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top