23, 51 % излезност во Охрид до 13 часот

Во Охрид е во тек гласањето на локалните избори 2021 година.

 |   | 

Во Охрид е во тек гласањето на локалните избори 2021 година.

Според најновите информации од Државната изборна комисија до 13 часот излезноста на гласањето по општини е следна :

Охрид – 8 036 или 23,51 %

Струга – 4 626 или 16,58 %

Вевчани – 710 или 34,23 %

Дебрца – 875 или 28,66 %

На денешните локални избори за градоначалничката функција во Охрид во трка се тројца кандидати, додека со свои листи за идниот состав на Советот на општината се поднесени 11 листи, од кои три независни, пет од политички партии и три од коалиции.

Кандидати за градоначалник на Охрид се Кирил Пецаков од Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиески од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ и Гоце Цветкоски поддржан од партијата ТМРО.

Во трка за градоначалничката функција на Општина Дебрца се тројца кандидати, Игор Крцоски од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Сашо Силјаноски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, како и независниот кандидат Зоран Ногачески. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top