Categories
Охрид

По 20 – ти пат Поетска ноќ во Велестово

Со беседа посветена на поетот Слеве Ѓорго Димоски на 15 и 16 август ќе се одржи манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. Свечено ќе биде пуштен во употреба и Домот на кутура.

Со беседа посветена на поетот Слеве Ѓорго Димоски на 15 и 16 август ќе се одржи манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. Свечено ќе биде пуштен во употреба и Домот на кутура.

Со читање стихови на охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски, на 15 и 16 август ќе се одржи културната манифестација „ Поетска ноќ во Велестово“ . Ова е 20- то по ред, јубилејно издание на манифестацијата, кое за прв пат ќе се одржува два дена, а со целосна подршка на Локалната самоуправа.

„ За нас многу значи одржувањето на оваа манифестација. Кога ќе се навратиме наназад, се започна со голем ентузијазам, а сега го одбележуваме 20 годишниот јубилеј“, рече Градоначалникот Александар Петрески.

Во рамки на манифестацијата ќе биде свечено пуштен во употреба и Домот на култура, каде што ќе биде поставена трајна изложба на дела од уметници кои години наназад твореле и изложувале во рамки на оваа културна манифестација.

„ Од едно разурнато школо, кое не фунционираше повеќе од 15 години, со големи напори успеавме да да го обновиме со цел во него да се одржуваат Велестовските вечери, а очекуваме да се твори и преку целата година“, потенцира Петрески.

Како што потенцира Анета Јовановска, член на Управниот одбор на манифестацијата, годинава таа ќе се одвива во беспрекорна организација со што ќе ги засени Струшките вечери на поезијата.

„ Фактот што низ манифестацијата поминале најеминентни имиња ликовни уметници и поети, ја наметнува одговорноста годинава манифестацијата да биде беспрекорно организирана“, рече Јованоска.

На 15 август покрај поетските читања стихови од Димоски во црквата во селото Велестово, ќе биде отворена и изложба на Сергеј Андреевски и Дик Робертс – ликовни уметници од Македонија и од САД.

На 16 август ќе се одржи Пладневен поетски митинг, на кој досегашни учесници на манифестацијата ќе презентираат свои поетски творби, а потоа ќе бидат промовирани монографиите „Црквата Успение на Пресвета Богородица“ од Гоце Ангеличин – Жура и „20 години Поетска ноќ во Велестово“ .

Годинашните поетски чествувања во Велестово ќе бидат заокружени со драмската претстава изработена според делата на Петре М. Андреевски, а во изведба на студентите од завршната година на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *