Учителка позитивна на Ковид 19 во Охрид, 14 деца од одделението во изолација

14 деца кои одржуваа настава со физичко присуство се во изолација откако учителка е позитивна на корона вирусот. Според информациите од ЦЈЗ од последната висока бројка 23 инфицирани со ковид во Охрид дел се од познати кластери но има доста изолирани случаи. Во Охрид изминативе денови имаме експоненцијален раст на заразени со вирусот. ОД ЦЈЗ апелираат граѓаните да бидат совесни и одговорни да носат маска, да држат дистанца да вршат дезинфекција и да не се групираат.

 |   | 

Рекорден брјој на заболени од корона вирусот во Охрид. Во вчерашниот ковид боланс на министерството за здравство се запишаа 23 новозаболени од охридско. Една  учителка е  позитивна на корона вирусот,  а  14 ученици  се во изолација.
 Дел  од новозаболените  се од познатите кластери маркети,  фабрики, но дел се  изолирани  случаи. Бројот на заболени и натаму се очекува да расти.

„Во таква фаза сме се повеќе и повеќе престојувае во затворени простории започна и перидот на грипот каде доста симптоми имаме кои се слични. Така да не секоја кашлица е поврзана со ковид но затоа постојат матичните лекари каде сите треба да се обратат и да добијат насоки за понатамошно лекување“ , вели Сашо Точков директор на ЦЈЗ Охрид.

Во охридската болница секојдневно се стеснуваат капацитетите. Останаа само три слободни кревети за згрижување на  пациенти со корона вирус. Моментално се хоспитализирани 30 позитивни случаи, шест од нив се на кислородна поддршка,  а  најмладиот има  22 години.

„Вкупно кревети кои што можеме да ги обезбедиме за ковид се до триесетина и нешто. Ќе ја следиме состојбата никој не може да предвиди. За цел овој период од седум месеци болницата е исполнета 80 до 90%“,  вели д-р  Горан Балев  директор на ЈЗУ оппшта болница Охрид.

Во Охрид во моментов има 106 активни случаи на корон вирус. Градот ја чека изградбата на модуларната болница.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top