Ревијален ватерполо натпревар во Охрид за хумани цели

Клубот за спортови на вода Охридски бранови 2008 Охрид, во соработка со ЈП Билјанини извори и Црвен крст Охрид Ви најавува ревијален ватерполо натпревар со хуманитарен карактер, на кој свое учество ќе земат ватерполисти-ветерани од Пливачките-ватерполо клубови Вардар-Скопје, Струга-Струга и Охридски бранови- Охрид.

 |   | 

Овој атрактивен натпревар ќе се одржи во недела, 21.08.2016 г., во отворениот базен на СРЦ Билјанини Извори во Охрид, со почеток во 11 ч.

Ги покануваме нашите сограѓани и гости, љубителите на ватерполото, повозрасните да се препуштат и ни дозволат да им ги разбрануваме спомените на времето кога во Охрид се играше ватерполо, а на младите да им иницираме интерес и љубов кон овој спорт. Хуманите посетители на овој спортски настан ќе можат да помогнат на населението погодено со поплавите во скопскиот регион, со динарање во собирните каси на Црвен крст Охрид поставени на влезот во пливачкиот комплекс.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top