• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Промоција на едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“

Промоција на едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“

Во петок, 10 јуни, во просториите на Библиотеката ќе  бидат промовирани изданија од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.

 |   | 

Во петок, 10 јуни, во просториите на Библиотеката ќе бидат промовирани изданија од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.

Промотор ќе биде Проф.Д-р Виолета Ачкоска, а пред присутните ќе се обрати и директорот на Библиотеката Александра Белевска. Настанот ќе започне во 12 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Со оваа промоција Библиотеката започнува да го реализира проектот за „Промоција на изданија кои со одлука на Владата на РМ и се доделени на Библиотеката и се наменети за продажба“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура. Во следниот период Библиотеката ќе ги промовира и другите едиции, чии дела ги продава по поволна цена на читателската публика. Во иднина ќе бидат промовирани и дела од капиталните едиции „Ѕвезди на светската книжевност“ , дел од едицијата „Македонски искушенија“ како и изданија од едициите „130 тома македонска книжевност“ и „130 тома македонска книжевност на англиски јазик“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top