Categories
Охрид

Шеќеринска ќе ја однесе Македонија во Нато, но под друго име, обвинуваат од Вмро Дпмне

Во Сдсм се случува морална и кадровска криза. Најдобрите поединци се наоѓаат на маргините, рече Александар Николовски, кандидатот за пратеник од Вмро Дпмне.

 

Во Сдсм се случува морална и кадровска криза. Најдобрите поединци се наоѓаат на маргините, рече Александар Николовски, кандидатот за пратеник од Вмро Дпмне.

Во Сдсм се случува морална и кадровска криза. Најдобрите поединци се наоѓаат на маргините,
рече Александар Николовски, кандидатот за пратеник од Вмро Дпмне. Тој додаде, дека на
Република Македонија и е потребно да има силна социјал демократија бидејќи ниту една држава
не може да функционира само со левица или десница.  Но, во моментов квалитетна опозиција
нема, вели Никововски. Тој се прашува, како Радмила Шеќеринска планира за шест месеци
Македонија да ја однесе во Нато. По се изгледа, цената ќе биде промената на името. Имаме
ознанија дека ќе не преименуваат во Република Скопје-Македонија, додава Николовски.
Тој вели дека воопшто не се изненадени од тоа кој се е во коалицијата „Сонце“. Само еден ден
пред самитот на Нато во Букурешт, Сдсм, Лдп, Стојан Андов, Тито Петковски и Ѓорѓи Оровчанец
формираа парламентарно мнозинство со цел да свикаат итна седница  за менување на уставното
име на Македонија според барањата на Грција. Тоа не се случи, само затоа што извршната
комисија на Вмро Дпмне се спротивстави и се закани со преземање радикални мерки, како организирање протести на граѓаните.

Николовски зборуваше и за постигнатите резултати на владата на Никола Груевски како и за
нивните идни планови каде приоритет е влегувањето на Македонија во Нато и ЕУ. Веднаш по
изборите ќе пристапиме  кон донесувањето на 130 закони кои се еден од условите кои ни ги
постави ЕУ, додаде тој.

Николовски се надева дека после поразот на коалицијата Сонце на  изборите, во Сдсм ќе дојде
ново раководство кое ќе има национални идеи и ќе ги штити интересите на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *