Categories
Охрид

Хорски смотри во Охрид

Утре, во основното училиште Св. Климент Охридски традиционално ќе се одржат хорски смотри. На регионалниот натпревар ќе учествуваат основните училишта од градов, Струга и Кичево.

Утре, во основното училиште Св. Климент Охридски традиционално ќе се одржат хорски смотри. На регионалниот натпревар ќе учествуваат основните училишта од градов, Струга и Кичево.

Утре, во основното училиште Св. Климент Охридски традиционално ќе се одржат хорски смотри. На регионалниот натпревар ќе учествуваат основните училишта од градов, Струга и Кичево. За овој натпревар наставниците и учениците се подготвуваат од почетокот на учебната година.

Наставничката по музичко Виолета Ангелеска, вели дека децата многу се заинтересирани за музичкото образование.Успехот зависи од талентот но и од ангажираноста на учениците, додава таа.

Хорот во основното училиште Св. Климент Охридски брои дваесет и пет деца, а оркестарот триесет. Тие ќе се претстават со три дела, едно е во барок стил- Пеперутка, народната песна Борјано Борјанке, а ќе изведат и едно дело од Јохан Себастијан Бах.
Седмооделенците велат дека покрај пеењето и свирењето мотив за членување во хорот и оркестарот им е и заедничката дружба и стекнувањето нови пријателства.

На хорските смотри ова училиште има освојувано бројни награди. И годинава очекуваат да им припадне некое од првите три места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *