Categories
Охрид

УНЕСКО ќе го промовира Охрид во светот

Државата бара поголема поддршка од Унеско. Оваа организација на ОН која се грижи за заштита на природното и културното наследство, се обрза да ја помогне промоцијата на Охрид во светот.

“На Охрид му треба многу поголема промоција, му треба многу поголема подршка за неговиот развој. Стаусот на Унеско не сакаме да го гледаме само како статус, туку како реална поддршка за унапредување на регион“ – рече државниот секретар при министерството за животна средина Дејан Паноски, на денешниот состанок со директорот на Регионалната канцеларија на УНЕСКО со седиште во Венеција, Енгелберг Роуз.
На денешниот состанок помеѓу претстваниците на Националниот комитет и директорот на Регионалната канцеларија на УНЕСКО, се разговараше и за заштитата на водените ресурси со кои располага регионот.
Паноски кажа дека во периодот ко следува, УНЕСКО ќе го помага Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро во рамки на програмата за заштита на прекуграничните води.
„Доколку тоа го обезбедиме- вели Паноски, тоа ќе биде силен импулс за заштита на Охридското езеро , од двете страни- и од македонска и од албанска.“
За природните ресурси на Охридскиот регион зборуваше и директорот на Регионалната канцеларија на Унеско – Енгелберг Роуз. Тој најави дека УНЕСКО подготвува нова стратегија за заштита на културното и природното богатство во регионот. Роуз посебно потенцира дека мора да се заштити водата за пиење со која располага овој регион. Но во исто време да се обрне внимание искористување на подземните води. Директорот на регионаланата канцеларија на Унеско се осврна и на можноста за финансиска поддршка на организацијата .
На средбата помеѓу државниот секретар при министерството за животна средина Дејан Паноски и г-нот Роуз се разговарало и за двата локалитети кои се на времената листа на Унеско- Маркови кули во Прилеп и Слатински извор во Поречието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *