Categories
Охрид

Средношколската унија на Македонија обвинува дека политичките партии ги злоупотребуваат учениците

Поради учество во предизборни активности на СДСМ, за учениците од охридската гимназија утре ќе биде неработен ден- тврдат од Средношколската унија на Македонија. Од гимназијата Св. Климент охридски ги демантираат ваквите обвинувања.

Средношколската Унија на Македонија ги обвини политичките партии дека вршат злоупотреба на учениците за свои цели. Поради учество во предизборни активности на СДСМ, за учениците од охридската гимназија утре ќе биде неработен ден- тврди Ивана Ристеска, претставник на Средношколската унија. Дознаваме дека утре во Гимназијата е прогласен неработен ден и учениците со организиран превоз ќе бидат пренесени во Скопје поради политички предактивности на СДСМ- рече Ристеска.

Од Средношколската унија упатија порака до сите партии да не ги злоупотребуваат учениците за политички цели, бидејќи тие не сакаат и нема да дозволат некој да манипулира со нив.
Доколку се потврдат за точни ваквите информации, од средношколската унија најавуваат дека ќе реагираат до Министерството за образование и до Државниот просветен инспекторат.

Од Гимназијата Св. Климент Охридски, ги демантираа обвинувањата. Во одсуство на директорот Љубиша Машановиќ, Секретарот на Гимназијата, Бојан Петрески, за новинарите изјави дека наставата во училиштето утре ќе се одвива редовно и нема да има никаков прекин. Според тоа, учениците нема да отсуствуваат од настава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *