Categories
Охрид

Преставени охридските кандидати за идни пратеници од ВМРО ДПМНЕ

Во Охрид преставени кандидатите за пратеници во петтата изборна единица од Вмро Дпмне. Презентирана и изборната програма.

Во Охрид преставени кандидатите за пратеници во петтата изборна единица од Вмро Дпмне. Презентирана и изборната програма. Од оваа политичка партија се обврзуваат на фер и демократски избори. За партиите кои нема да го почитуваат изборниот кодекс нема да има место во коалицијата со ВМРО- ДПМНЕ, порача носителот на листата од оваа изборна едниница, Милошоски.

Преставени охридските кандидати за пратеници од 5-тата изборна единица од ВМРО- ДПМНЕ: Анита Кипаризова- Крстеска, Александар Николоски, Цветко Грозданов и Владо Стефаноски. Свое обраќање пред охриѓани имаше Антонио Милошоски носителот на изборната листа од ова единица на Вмро- Дпмне. При тоа, Милошоски истакна дека кај граѓаните има позитивно расположение за гласање на престојните парламентарни избори. Граѓаните ќе имаат прилика да гласаат за одредена програма,одредена Влада и за кандидати за пратеници на кои им веруваат. Вмро Дпмне смета дека во изминативе две години ја оправда довербата кај граѓаните и очекува истата да се зголеми , тоа значи дека и нашата одговорност ќе се зголеми и ќе работиме на остварување на планот и програмата кои ги имаме запишано за остварување во 2008 до 2012, истакна Милошоски.

 

Од Вмро Дпмне тврдат дека како политичка партија ќе направат се за парламентарните избори да се одвиваат максимално фер и демократски. Апелираат до сите политички субјекти да го почитуваат кодексот на однесување.
Сето однесување и внесување на насилство во изборната кампања за нас какао политичка партија ,по изборите ќе е еден критериум врз основа кои ќе се отценуваат нашите коалициони партнери. Оние кои ќе знаат да стигнат со полтичка култура до политичка победа за нас ќе имаат поголема вредност.

Со изборната програма, Преродба во 100 чекори надградена и проширена , од Вмро Дпмне ветуваат поголем развој на туризмот во Охрид. Голем економски стимул за охридското стопанство се предвидува со издавањето под концесија на аеродромиите од кои се очекува туризмот двојно да се зголеми во следните 4 години, истакна носителот на листата за 5-тта изборна единица, Антонио Милошоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *