Categories
Охрид

Повисоки критериуми за збратимување на Охрид со други градови

Градот треба да воспостави високи критериуми, за да не се девалвираат цивилизациските вредности на збратимените градови.
Градот треба да воспостави високи критериуми, за да не се девалвираат цивилизациските вредности на збратимените градови. Убава е иницијативата – Охрид да се збратимува, и да соработува со позначајните центри од Европа и светот, – велат советниците, – но треба да се постават високи критериуми, да не се девалвираат цивилизациските вредности на збратимените градови.
Со воспоставувањето на контактите и соработката со градовите, Охрид треба да го јакне имиџот на отворен град, да ги проширува видиците и да стане водечки културен, туристички, спортски, па и стопански центар во регионот.
Од размената на истуствата, Охрид треба да влече и конкретни интереси вели советникот Ванчо Огненов. Никако – вели тој, не смее да дозволи збратимувањето да се сведе на задоловување на нечии бизнис интереси.
Огненов се потсетува дека Охрид има долга традиција кога се работи за збратимувањето, но низ годините за жал, многу од тие контакти се изгубиле. Ова го зборуваше на поседната седница на совет, кога Советот донесе одлука за збратимување со 7 градови од Европа, за кои повеќето од советниците прв пат слушнале. Се работи за итајланските градови: Реганати, Равена, Алберобело, потоа шпанскиот Марбела, Синаја во Романија, словенскиот град Птуј и бугарскиот Велико Трново.
Настрана од овие 7 градови, Општина Охрид, според официјалните податоци од 1977 до 2006-та година се има збратимено со 7 градови а потпишан е протокол за соработка со уште 10 градови- претежно во р. Бугарија.
За споредба, Битола со 14 градови, некои од нив од Франција, Германија, и Русија а воспоставиле контакти со уште 20-тина градови од поголемите западно европски земји. Ѓуро Илиќ, од локланата самоуправа на општина Битола кажа дека градот има голем финансиски бенефит од овие збратимувања. Главниот град на држава пак, Скопје почнувајќи од 1961 па заклучно со 2007, се збратимил со 14 градови во светот, а има воспоставено пријателски односи и соработува со над 50 градови од светот. Од управат на град Скопје велат дека многу внимателно ги избираат градовите со кои воспоставуваат соработка. Токму во тој контекст и советниците на општина Охрид апелираат дека во иднина, треба да се воспостават високи критериуми при збратимувањето со градовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *