Categories
Охрид

Плакатите од Вмро Дпмне се најдоа на тротоар

Некои од партиите го злоупотребија бесплатниот простор за рекламирање.Во саботата и неделата беше преплавено со плакати од Вмро Дпмне. Поголемиот дел од нив сега се наоѓаат на тротоарот од „Булеварот Туристичка“. Од оваа партија ветуваат дека во иднина нема да се повтори ваквата слика.

Бесплатниот простор за рекламирање кој општината го определи, некои од партиите бесправно го узурпираа. Пред една недела локалната на две локации во градов постави метални паноа на кои партиите можат да го лепат својот пропаганден материјал. Просторот е поделен на 12 дела колку што има пратенички листи, тиe се нумерирани и секоја партија може да го користи оној дел каде што се наоѓа бројот на нејзината пратеничка листа добиен според ждребувањето што го направи Дик. Но деновиве на целото пано поставено на оградата кај основното училиште Григор прличев,можеа да се забележат само плакати од Вмро Дпмне.

Сега најголемиот дел од нив се искинати и се наоѓаат на тротоарот од Булевар Туристичка. Јованчо Секулоски портпаролот на општинскиот комитет на Вмро Дпмне вели дека тоа во иднина нема да се случи, бидејќи не само што претставува неубава слика туку и чини пари лепењето и прелепувањето плакати.

Со цел во иднина да се избегнат вакви и слични случувања синоќа младите активисти од Сдсм и Вмро
одржаа заедничка средба на која меѓу другото се договорија достоинствено да се однесуваат во текот на
кампањата и да бидат пример за останатата младиона во Охрид. Ова беше потврдено и денес на прес
конференцијата на Вмро Дпмне која беше свикана по повод одржаниот митинг, кој се оценува како најголем
политички собир во Охрид од осамостојувањето на Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *