Categories
Охрид

Партијата за Европска интеграција одржа митинг во село Пласница

Партијата за Европска интеграција одржа митинг во село Пласница. Уште еднаш беа потенцирани заложбите на оваа партија за инвестирање во образованието на младите и помагање на земјоделието.

Ќе инвестираме во образованието, затоа што само на тој начин младите ќе може да најдат вработување- им се обрати на жителите на село Пласница, претседателот на Партијата за европска интеграција, Фијат Цаноски. Тој им вети дека и годинава, ПЕИ ќе додели 4 стипендии за високо образование, токму во оваа општина.

„Ние сме мултиетничка, хуманитарна партија, која пред се им помага на сиромашните“- рече Цаноски. „ Ние не сме партија која менува бои. Сами го трасираме патот по кој чекориме. Не сме како некои помали партии кои најпрво беа во СДСМ, а сега се во ВМРО- ДПМНЕ. “

„Ние не сме голема партија која троши пари на кампањи и реклами“, рече Цановски.

Тој потенцира дека ПЕИ ќе инвестира во здравството, за во Пласница повеќе да нема само општ лекар, туку да се отвори и амбуланта. Ќе го помогне развојот на земјоделството преку стимулации и премии и ќе обезбедиме пласман на производите по повисоки цени.

 „ На претходните избори освоиме највеќе гласови токму во оваа општина, сега ќе ги освиме сите “,се обрати пред жителите на село Пласница, претседателот на ПЕИ, Фијат Цановски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *