Categories
Охрид

Охриѓанка прогласена за најхумана акушерка во Македонија

Работата на акушерките,  на свет да донесат  нов живот, е  исклучително одговорна и тешка задача. За нив, како и за мајките најсреќен миг  е првиот плач на бебето.     Работата на акушерките,  на свет да донесат  нов живот,   е  исклучително одговорна и тешка задача. За нив, како и за мајките најсреќен миг  е првиот плач на бебето.

Злата Гашпаровиќ, акушерка на  одделението за гинекологија при општата болница Охрид, 30 години им помага на мајките при породувањето. Работата е исклучително тешка и одговорна, но е убава и затоа тежината оди во втор план додава таа.
Да се донесе еден живот на свет е многу убава, тешка и интересна работа. Во тие моменти на пациентките ние им сме се,  и маж, и мајка и татко. Мора да сме спремни да ги сослушаме и да направиме се за пациентките.
Најбитен момент за акушерките, како и за мајките  е доаѓањето на свет на бебињата .Нивниот прв плач е најсреќниот миг. Во салата при породувањето, покрај лекарите се  грижат 6 акушерки кои работат во 3 смени .
Гашпаровиќ вели дека прилично е напорно  и за нив  и за околината, но тоа е нивната струка, а бебињата не го бираат моментот кога сакаат да дојдат на свет. Јас сум најстарата акушерка на одделението, но работам на смени и не ми е тешко. Ние аклушерките меѓусебно се разбираме и немаме проблеми, во смени сме и дење и ноќе на работа.
На  акушерското одделение во Охрид годишно се раѓаат околу 650 бебиња. Годинава, само од јануари до овој месец на свет се донесени 185 бебиња. Акушерката Гашпаровиќ, вели дека наталитетот, од кога почнала да работи до сега, бележи драстични промени. Но, во последниве 10 до 15 години се раѓаат стандарден број на бебиња.
Гашпаровиќ, неодамна е прогласена за најхумана акушерка во земјава  од страна на Друштвото на медицински сестри и  акушерки на Македонија. Тие денес го одбележаа 5 мај –  Ден на акушерките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *