Categories
Охрид

Охриѓани реагираат дека дел од закупците на плажите не ги почитуваат во целост одредбите од договори

Гостите на охридското крајбрежје реагираат дека иако не е дозволено, на плажите се подигнуваат цврсти градби. Од Министерството за транспорт и врски, под чија надлежност е крајбрежјето, велат дека општинскиот инспектора е должен да врши контрола врз начинот на кој плажите се уредени. Од инспекторатот останаа недостапни за коментар.

Дел од закупците на плажите не ги почитуваат во целост одредбите од договорите за закуп, остро реагираат посетителите на охридското крајбрежје. И покрај строгата забрана за подигање на цврсти градби, не е мал бројот на охридските плажи на кои се евидентни вакви објекти.
Закупците објаснуваат, дека тоа е пред се со цел да ги  заштитат гостите на плажите, како и вложената инвестиција за нивно средување.
Илија Џепароски, еден од закупците на плажа Корали, објаснува дека на оваа плажа подигнат е потпорен ѕид во должина од 200 метри, со цел да не се лизга земјиштето. Воедно, обврска на Македонија пат.

Според Џепароски, при уредувањето на плажата Корали биле почитувани сите одредби од договорот за закуп и не се направени отстапки од она што со него се предвидува. Плажата ја добивме несредена. Сега ја уредивме според современ терк и при тоа воопшто не отстапивме од законските прописи.

Од Министерството за транспорт и врски, кое го додели плажите под закуп и во чија надлежност е крајбрежјето, објаснуваат дека обврска да врши контрола на закупените плажи има инспекторатот при Локалната самоуправа. Имено,  Државниот градежен инспекторат превзема санкции само при дивоизградени објекти од прва и втора категорија како што се нуклеарна градба, термоцентрала, центар за истражување, телекомуникациски систем, нафтовод, магистрален пат, градби наменети за вршење на функциите на државата, градби на дипломатски и конзуларни преставништва.
Од општинскиот инспекторат останаа недостапни да  дадат објаснување дали при уредување на закупените плажи се направени отстапувања од законските прописи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *