Categories
Охрид

Охрид го слави Ѓурѓовден

Денес е најголемиот пролетен празник- Ѓурѓовден. На овој ден се изведуваат многу обичаи со кои се обезбедува напредок, плодност на стоката и полињата, здравје среќа и успех за луѓето.

Денес се празнува Св. Великомаченик Георгиј победоносец- Ѓурѓовден. Житието вели дека овој светец е роден во Кападокија, од богати но, чесни и побожни родители. Уште од раното детство останал без татко, па мајка му го воспитувала и му ја всадила љубовта и верата кон бога. Кога пораснал бил убаво и стројно момче, па служел во војска каде добил висока служба. Меѓу другото, тој требало да ги прогонува христијаните и да ги измачува оние кои веруваат во бога. Бидејќи и самиот бил христијанин не го сторил тоа поради што бил затворен и подложен на најстрашни маки. Но, Св. Георгиј излегол како победоносец од сите страданија. Денес, многу храмови се посветени токму на овој светец. Во Охрид тоа е црквата која се наоѓа во Горна Влашка маала каде денес имаше едноцрквие. На овој светец му се поклонуваат и стружани. Тој е и патрон на овој град.

На Ѓурѓовден се изведуваат многу обичаи со кои се обезбедува напредок ,плодност на стоката и полињата здравје среќе и успех за луѓето. На денешен ден се вапцуваат и јајца со црвена боја, кои имаат посебно место во ѓурѓовденските обичаи. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанството туку и другите вери.

На иконата Св. Ѓорѓи е преставен како војвода на коњ кој со копје ја убива ламјата, која на народот му правела голема штета. Тоа има преносно значење бидејќи овој светец се борел против злото и го величел христијанството.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *