Categories
Охрид

Охрид, втор по број на заболени од астма

Во Македонија, Охрид е на високото второ место по бројот на заболени од астма. 5,9% од населението во нашиов град, боледува од оваа болест во поблага или појака форма.

Во Македонија, Охрид е на високото второ место по бројот на заболени од астма. 5,9% од населението во нашиов град, боледува од оваа болест во поблага или појака форма. Само во Скопје, овој процент е поголем. По повод 6-ти Мај, светскиот ден за борба против астмата оваа недела ќе се вршат бесплатни прегледи спроведувани од доктори на трудова медицина и интерното одделение при медицинскиот центар во Охрид. Д-р Владо Стефаноски вели дека секој кој ќе се посомнева дека има некој од симптомите на оваа болест, дилемата може да ја реши правејќи соодветен преглед.

 

Астмата е болест која може да се јави уште од најмала возраст, кажува д-р. Стефаноски. Тогаш е потешко да се дијагностицира бидејќи најверодостојната метода, спирометријата со која се докажува постоењето на оваа болест, кај децата тешко може да се направи. Но, доколку докторот се посомнева дека детето боледува од астма, треба да даде соодветна превентивна терапија.
Лек против астма не постои. Со точност не може да се каже кои се причинителите на болеста. Истражувањата покажуваат дека од оваа болест повеќе заболуваат лица кои живеат во градовите отколку во руралните средини.Д-р Стефаноски вели, астмата беше болест на 20-тиот век ,останува да биде болест и на 21-от век.Таа сеуште преставува недоволно истражена болест. Но, доколку навремено се открие и правилно се третира заболениот ќе може нормално да живее и функционира. Треба конечно додава тој, да се срушат сите табуа околу оваа болест и луѓето да ја прифатат како дел од нивното секојдневие.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *