Categories
Охрид

Охридските матуранти и годинава со парада ќе го одбележат своето полнолетство

На шеснаесетти мај, во петок, охридските матуранти ќе одржат парада по повод своето полнолетство и крајот на средношколските денови.

И годинава охридските матуранти, заедно со матурантите од четириесет европски градови, ќе танцуваат на звуците на Штраусовата композиција „Лилјакот“. На тој начин ќе го одбележат своето полнолетство и завршувањето на средношколското образование.
Школата за модерни танци „УРШКА“ од Љубљана, Република Словенија, која е организатор на овој специфичен, интересен и оригинален начин на одбележување на матурата, и за оваа година ги најавува очекувањата дека повторно ќе биде соборен Гинисовиот рекорд.
Тој изнесува 23. 628 натпреварувачи, а се очекува годинава бројката да се надмине со учество на триесет илјади натпреварувачи.
Парадата ќе се одржи во петок, шеснаесетти мај, точно на пладне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *