Categories
Охрид

Охридските леопарди се вратија од успешната мисија во Ирак

Триесет и шест професионални војници и старешини, од механизираниот пешадиски вод, се првите припадници на новиот македонски контингент кој учествуваше во мисијата “Слобода за Ирак“.

Триесет и шест професионални војници и старешини, од механизираниот пешадиски вод, се првите припадници на новиот македонски контингент кој учествуваше во мисијата “Слобода за Ирак“.
Денес во касарната Генерал Михајло Апостолски, свечено беше одбележано враќањето на триесет и шесте професионални војници и старешини кои беа дел од мисијата ,,Слобода за Ирак,,. .,, Пред шест месеци од овде тие беа испратени во една тешка, но благородна задача во која постигнаа врвни резултати,, , рече полковник Бранко Дракалски. Тој додаде дека за нивниот успех сведочи и изјавата на Генералот на армијата на Сад, Давид Петраеус, командантот на мулти националните сили за Ирак, кој истакнал дека во последните шест месеци безбедноста во Ирак бележи голем напредок што и овозможило на владата на оваа земја да направи позитивни чекори во владеењето и пружањето помош на своите граѓани.

Во изминативе шест месеци механизираниот пешадиски вод задачите во Ирак ги извршуваше под оперативна команда на ЗОК, а беше интегриран во состав на баталјонот 2-11 од Втората Страјкер Бригада, стационирана во Таџи. Поручникот Дарко Стојкоски го предводеше овој контигент и вели дека крајно професионално ги извршиле своите задачи. Тој додава дека повторно би бил дел од една ваква мисија и истакна дека голема заслуга за постигнатите резултати има државата но и нивните семејства кои несебично ги подржувале и храбреле сите шест месеци.

Дел од учесниците кои посебно се истакнале во мисијата ,,Слобода за Ирак,, денес беа наградени и пофалени.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *