Отворен ден во училиштето „Св.Климент Охридски“

 

Родителите на децата кои од нареднава учебна година ќе бидат првачиња, денес имаа можност да се прошетаат и да го разгледаат основното училиште „Св. Климент Охридски“. Оваа новина во училиштето се воведува со цел децата, но и родителите да се запознат со оваа институција, со начинот на кој се води наставата, како и со наставниот кадар.

Педагогот Лидија Размоска, вели дека ова е најдобар начин за родителите да добијат целосна слика каде ќе учат нивните деца.
Во училиштето „Св. Климент Охридски“ функционира и целодневниот престој каде учениците можат да си ги извршуваат своите училишни обврски, да се дружат и забавуваат. Во целодневен престој можат да одат ученици од прво до четврто одделение, а со нив работат две наставнички.

Родителите не ги штедеа позитивните коментари за ваквиот начин на работа и со задоволство ја искористија можноста  да се запознаат со училиштето каде ќе учат нивните деца. По повод отворениот ден, во училиштето „Св.Климент Охридски“ имаше и приредба на која пееја дел од учесниците на фестивалот „Распеано Рибарче“, настапи школскиот хор и оркестар, како и танцовата група.  Децата од помалите одделение беа маскирани во најразлични маски. Со тоа сликата беше уште поубава.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: