Categories
Охрид

Од ВМРО- ДПМНЕ ветуваат дека во изборната кампања нема да користат лични навреди и ниски удари

Во изборната кампања ќе комуницираме со граѓаните, а не со нашите политички противници- велат од ВМРО- ДПМНЕ. Вулгарноста, личните навреди и ниските удари, нема да бидат застапени- потенцираат од оваа партија. За нас најважна е комуникацијата со граѓаните, а не со политичките противници- велат од ВМРО- ДПМНЕ. „ Граѓаните се тие до кои сакаме да допреме. Наша основна стратегија е да сме во постојан контакт со луѓето, а не само пред избори “- објаснуваат од оваа партија, воедно одговарајќи и на неодамнешните обвинувања од Граѓанската асоцијација МОСТ, дека партиите предвреме ја започнале кампањата. „ Ние сме во постојана кампања и планираме тоа да го правиме и во иднина“ , изјави за ТВМ, Александар Николоски, екс пратеник и член на ВМРО- ДПМНЕ. „Нашата кампања започнува на денот на добивањето на парламентарните избори, затоа што сметаме дека секојдневно треба да комуницираме со граѓаните и тоа и го правиме. Не да ги бараме нивните гласови, туку да одиме кај нив, да ги прашаме како живеат, за проектите кои ги реализираме. Тие секогаш убаво изгледаат на хартија, но да видиме и на терен“ – рече Николоски.

„Ќе го почитуваме Кодексот за фер и демократски избори. Вулгарности, лични навреди и ниски удари од страна на нашите членови нема да се користат“ – потенцира Николоски и додава- ова и во случај да сме предизвикани од страна на нашите политички противници. Не планираме да го напаѓаме политичкиот противник, да користиме ниски удари, да бидеме вулгарни. Дали исто ќе одговори и политичкиот противник, ќе видиме во периодот кој доаѓа. До сега тоа не се потврди, но ние ќе гледаме да имаме позитивна кампања“- вели Николоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *