Categories
Охрид

Одржан општински натпревар по прва помош

17 екипи од основните училишта во Охрид, ги презентираа свиоте знаења по прва помош.Победничката екипа ќе учествува на Државен натпревар.

17 екипи од основните училишта во Охрид, ги презентираа свиоте знаења по прва помош.Овој натпревар е традиционален и се одржува по 37пат. Целта е да се обучат учениците да дадат прва помош во несекојдневни ситуации,елементарни непогоди и несреќи со што би се намалил бројот на жртвите но и на инвалидизираните луѓе.Од неодамна со закон е регулирано во секоја установа или фирма да има барем едно обучено лице за давање прва помош.

Знаењето да се даде прва помош е од огромна важност,вели наставничката Недеска Доста која ја предводеше екипета од ОУ Кочо Рацин.Кај учениците постои интерес за совладување на техниките, но сега тоа може да го направи само помала група.Пред повеќе години прва помош се изучуваше како предмет во основното образование,па на тој начин сите ученици беа обучени.Би било добро повторно да се воведе таа пракса,додава Недеска.
Натпреварот по прва помош беше дел од активностите на црвениот крст од Охрид по повод неделата на црвениот крст.Победничката екипа ќе учествува на Државен натпревар по прва помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *