Categories
Охрид

Нов филм на Пиперкоски

Младите луѓе својата среќа ја бараат надвор од Македонија.Во странство полесно можеме да се докажиме и да го материјализираме нашиот труд,вели младиот режисер,Илија Пиперкоски,кој го снима својот трет филм во Романија.

Младите и понатаму масовно заминуваат од државава, барајќи работа во странство. Еден од нив е и охриѓанецот Илија Пиперковски кој студира режија во Романија,а во меѓувреме снима и филмови. Досега има снимено два а сега работи и на третиот. Станува збор за среднометражен филм составен од три краткометражни во кои на сатиричен начин се прикажува посткомунистичкиот систем во Романија а се исмејува и турбофолкот и лажните идеали на младите. Досега е завршен само првиот дел од трилогијата,а до крајот на летото се планира да се заврши со снимањето и на останатите дава дела,па наесн да биде промовиран на некој од фестивалите. Финансиските средства за овој проект како и за двата претходни, Илија ги обезбедува самиот.

Во филмот „Луда забава”, игра најдобрата млада актерска екипа од Романија. Илија вели дека и во Македонија има талентирани деца, но никој не вложува во нив па не добиле можност да се докажат. Затоа многу млади одат да студираат и работат во странство, додава тој.

Нареден проeкт на која ќе работи Илија е долгометражниот филм „Мед и крв“ во кој ќе се зборува за животот во Македонија како дел од Балканот. Инаку Балкан, појаснува Илија, на турски значи „Мед и крв“, па од тука е и идејата за насловот на новиот филм. Самото име, вели тој е доволна за да се добие слика како на овие простори се живеело некогаш, а за жал ситуацијата многу не е изменета и денес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *