Categories
Охрид

Митинг на ПЕИ во реканскиот крај

Партијата за европска иднина вчера го посети реканскиот крај и одржа митинг во Ростуше. Партијата за европска иднина вчера го посети реканскиот крај и одржа митинг во Ростуше. Претседателот на ПЕИ Фијат Цаноски, истакна дека тие се повторно на  местото од каде што пред две години, партијата го започна својот изборен караван со кој за прв пат граѓаните кои гласаа за новата политичка партија добија свој пратеник.  Цаноски на митингот ги истакна заложбите на партијата за создавање  армија на млади и образовани луѓе кои своето знаење ќе го инвестираат во иднината и развојот на општините од овој крај.

Цаноски во својот говор ја потенцираше и потребата од групирање на гласачкото тело околу новата опција која ги крши црно-белите стереотипи на домашната политичка сцена.

Решат Маловски кој е носител на листа во шестата изборна единица ги потенцираше заложбите и успесите, на партијата во изминатите две години. Меѓу другото тој истакна дека  целосно е изграден патот Жировничко анче – Бошков мост, канализациона и водоводна мрежа во околните села како и пет реализирани проекти во Центар Жупа. Следниот митинг на ПЕИ е закажан во с.Пласница на 19 мај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *