Categories
Охрид

Медицинските сестри од Охрид формираа здружение

По примерот на неколку градови во Македнија и медицинските сестри, акушерки и техничари при охридската општа болница формираа здружение.
Нивна примарна цел ќе биде грижата, развојот, унапредувањето и афирмацијата на членовите во делот на здравството. По примерот на неколку градови во Македнија и медицинските сестри, акушерки и техничари при охридската општа болница формираа здружение. Овој профил на враоботени лица во здравствениот сектор во рамките на здружението од 20.03. годинава, го води медицинската сестра во очното одделение -Јулија Трпковска.

“ Според програмата и статусот основана цел и задача на ова здружение ќе биде грижата, развојот, унапредувањето и афирмацијата на членовите во делот на примарното и секундарното здравство“- вели Трпковска.

Здружението има 17 членови, од секое одделеение при охридскта општа болница има по еден член.

„Да се води грижа за болните, мајките родилки, новороденчињата, бара целосна посветеност и нагажираност на медицинските сестри, а тоа не е малку“- вели сестра Жана Кумева.

Кумева го спомна и законот за работа на медицинска сестра, со него ќе се дефинираат правата и обрските на медицинските сестри.Тоа ќе биде прв пат со закон да бидат заштитени медицинските сестри. Дејноста на медицинската сестра до сега се темелеше на вообичаени права и должности на медицинската сестра, на лични проценки за потребата од споведување на одредени постапки и најважното- недостаток на евидентирање на спороведените постаоки, вреднување на квалитетот и лицната одговорност на оваа битнакатегорија вработени лица во здравствениот сектор.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *