Categories
Охрид

Коалицијата Сонце ќе води позитивна, мирна и достоинствена кампања

Минато се времињата на некултурни и недемократски избори- велат од СДСМ. Според нив, граѓаните на предстојните парламентарни избори, ќе избираат помеѓу: светлината на сонцето и мрачните сценарија.

Коалицијата Сонце преку фер и демократска кампања ќе победи на претстојните парламентарни избори- велат од општинската СДСМ. На изборите, граѓаните на Охрид и Македонија имаат можност да избираат помеѓу: светлината која Коалицијата Сонце ја нуди и мрачните сценарија на спротивниот блок- рече Томислав Чингоски, Претседател на општинската организација на СДСМ и кандидат за пратеник. „ За разлика од однесувањето на нашите опоненти: позитивна, мирна, достоинствена и демократска изборна кампања, која е според статутот на Изборната програма на нашата партија. Ние сме свесни дека одамна поминаа времињата на некултурни и недемократски изборни процеси својствени за уште некои афрички земји“ – потенцира Чингоски.„ Очите на меѓународната јавност се вперени во Македонија. Самоволие, грешки и пропусти не се допуштени “- потенцираа од СДСМ.

Бранко Трпчески, Шеф на регионалниот изборен штаб за 5- та ИЕ, кажа дека Коалицијата е подготвена да одговори на сите предизвици во текот на кампањата, но и на самиот ден на победата, на 1- ви Јуни. „

Цениме дека имаме потенцијал“ , рече Трпчески, „да ги добиеме овие парламентарни избори и во наредниот
период Македонија да ја видиме членка на ЕУ и НАТО. “

Од СДСМ велат дека во предизборната кампања акцентот ќе биде ставен на граѓаните. Најавуваат бројни средби со граѓаните и посети на месни заедници.На денешната средба со новинарите, општинскиот изборен штаб на СДСМ ги претстави кандидатите за пратеници од Охрид: Томислав Чингоски, Анита Азеска и Игор Блажески.

{hwdvideoshare}6{/hwdvideoshare}

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *