Categories
Охрид

Коалиционијата “ Сонце“ во петтата изборна единица, ја претставија изборната програма

Коалиционите партнери од “ Сонце“ во петтата изборна единица, ја претставија изборната програма со која ќе атакуваат на овие избори. Либералите, претставени со нивниот лидер Андов и претстаниците на СДСМ, ЛДП, НСДП и Нова Алтернатива, најнапред кажуваа за мотивите на коалицирањето.

Либералот Андов зборуваше за меѓународна изолација на Македонија, за внатрешната стабилност и меѓуетничките односи во државава. Според него Македонија и економски заостанува зад земјите од регионот бидејќи во неа – како што самиот рече -„доминираат теснопартиските, над националните интереси“.

Шефот на изборниот штаб на СДСМ – Бранко Трпчески, кој рече дека нивниот лут противник ВМРО ДПМНЕ го доведува во прашање опстанокот на државата, ја претстави изборната програма со која “ Сонце“ ќе ја освојува довербата кај граѓаните.

Изборната програма е конципирана врз 10 основни определби: сочувување на македонскиот интегритет, политичкта стабилност на Р.М, евроинтеграциите, економски прогрес, повисок животен стандард, подобрување на образованието, здравството и земјоделието.
Коалиционите патнери кусо се осврнаа на она што го сработи претходната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ. Главно му замеруваат за неуспешното спроведување на процесот на евроинтеграциите.

“Искривувањето на проблемот со името ја држи Македонија во изолација“, – рече Андов. Тој ја искритикува економска политика која ја води државата.

Тој истотака изјави ,“ Тој курс на затворена економија кој не се согласува со директивите на ЕУ која дава многу можности за тендери за одржување на корупцијатаи организираниот криминал, дава многу можности за државен упад во секоја фирма и тоа секој ден, тоа е недопустиво по европските директиви“.

Колационите патнери од “ Сонце“ се повеќе од сигурни дека ќе ги добијат овие избори.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *