Categories
Охрид

Жителите на охридското село Вапила ќе добијат поквалитетна вода за пиење

Ќе се реконструира водоводот во село Вапила. Со ова ќе се реши нашиот долгогодишен проблем- велат селаните.

 

Ќе се реконструира водоводот во село Вапила. Средствата се обезбедени од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Договорот за доделување на средствата, го потпишаа: претставник на Министерството и Претстедателот на месната заедница, Петар Климоски.

„Овој проект е од големо значење за нашето село и околината затоа што ќе се обезбеди подобрување на водоснабдувањето, особено во летните, сушни месеци. Тоа е нешто што му беше неопходно на селата од овој појас“ – потенцира Климоски.

Средствата, обезбедени за Реконструкција и надградба на системот за водоснабдување на селото Вапила, се дел од програмата за инвестиции на Министерството за 2008 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *