Categories
Охрид

Египќаните ја одбраа својата страна

Египќаните ќе ја подржат коалицијата „За подобра Македонија“. Очекуваат поголеми права и просперитет. Договорот официјално ќе биде потпишан нареднава недела.

Партијата Сојуз на Египќани, на престојниве парламентарни избори ќе ја подржи коалицијата „За подобра Македонија“. Заменик претседателот на египќаните од Охрид, Демир Далип вели дека сакаат да живеат во мултетничка и мултикултурна држава, а таква може Македонија да биде само со Никола Груевски. Од коалицирањето со Вмро Дпмне, египќаните очекуваат подобра иднина, подобар стандард, но посебно очекуваат влегување на Македонија во Нато и ЕУ, но под нејзиното уставно име. Ратификацијата на договорот за соработка помеѓу овие две партии ќе биде нареднава недела.

Партијата на египќани од неодамна има ново младо раководство. Далип вели дека ќе се воведе нов начин на работа, но сепак основната цел која ќе ги води, е заштита на оваа малцинска етничка група и остварување на нејзините права.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *