Categories
Охрид

Домашни и странски експерти ќе помагаат за развивање на туризмот во Националниот парк Галичица

Акцентот ќе биде ставен на спортскиот, културно- историскиот и обуката на туристички водичи. Охридскиот Факултет и НП Галичица, денес, потпишаа меморандум за разбирање.

Ќе се развива спортскиот и културно- историскиот туризам на Галичица. На стручните лица од Националниот парк, ќе им помагаат домашни и странски експерти. За оваа цел, денес, Факултетот за туризам и угостителство и Националниот парк Галичица потпишаа меморандум за разбирање. Според Професор Сашо Коруноски, продекан на ФТУ, овој меморандум, кој формално е договор, ги отвара вратите за длабока соработка меѓу институциите. „ До сега“, рече Коруноски, „ за развојните стратегии се канеа експерти од надвор, без стручни лица од Мкаедонија. Ова е прв чекор каде Националната установа и Факултетот со странски експерти ќе работаат за развој на туризмот “.
Соработката е воспоставена по иницијатива на Националниот парк кој побарал истражувачки услуги од факултетот. Веќе се формирани групи студенти кои, од јуни до септември, ќе ги направат првичните истражувања за тоа колкава е посетеноста во националниот парк, како и: колку посетителите се запознаени со убавините и можностите кои ги нуди Галичица.

„ Потпишувањето на меморандумот е почеток на она што јас го говорев“, рече директорот на Национален парк Галичица, Зоран Ангелоски. „За намена на Галичица, освен за заштита, туку и за развој на туризмот.“

Факултетот за туризам и угостителство има потенцијал и драго ни е што Националниот парк Галичица ги препозна нашите можности- велат од факултетот.
Науме Мариноски, професор на Факултетот за туризам и угостителство, вели дека приоритет ќе се стави на истражувањето и како да се организира едукацијата. „ До сега“, рече Мариноски, „ тоа не се правеше. Сега се обезбедени средства со кои ќе се овозможи поголема заштита на паркот.“
Во истражувањата, ќе учествуваат и експерти од германската КФВ банка за обнова и развој, која го подржува Проектот за заштита и промоција на туристичките потенцијали на националниот парк Галичица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *