Categories
Охрид

Договорот за соработка помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ЛП на локално ниво – нема важност

Лидерот на либералите – Стојан Андов, вели дека согласно статутот, општинските организации не смеат самостојно да одлучуваат. Според него спротивно на партијата постапуваат уплашени и уценувани луѓе кои по изборите ќе останат со парзни раце. „Се е тоа лук и вода“ – вели Андов.

Инаку, охридските либерали денес и официјално, се приклучија на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, – спротивно на одлуката на претседателот и централното раководство на ЛП, кои на овие парламентарни избори одат со колацијата “ Сонце“.

О. О. на Л.П. потпиша договор за поддршка на коалицијата “За подобра Македонија“.

„Не е тајна- вели Нечкоски дека работите во партијата не фунционираат добро“.
Тој тврди дека охридската организација е само една од дваесетте други организации кои на овие избори одат заедно со ВМРО ДПМНЕ.

„Апсолутно не е точно дека толкав број на општински организации се приклонале кон ВМРО ДПМНЕ“- вели лидерот на либералите Андов. „Има неколку, ситни наши функционери кои добија некакви позиции но, под попуштија под страотниот притисок од ВМРО ДПМНЕ “- вели Андов.

Тој кажа дека по обзнанувањето на информацијата дека либералите одат на избори заедно со коалицијата “Сонце“ , неколку функционери на ЛП експресно биле разрешени од функциите кои ги обавувале. Тоа вели Андов, „е крајно недемократска постапка од страна на ВМРО ДПМНЕ“.

Нечкоски е убеден дека по изборите, состојбата во партијата ќе се реши на демократски начин,сепак не испушти да каже дека по изборите за ваквите случувања во партијата некој ќе сноси одговорност.

На ова Андов вели:“Ние не се осветуваме, одметнатите единствено нема да напредуваат во нашите партиски структури .Тоа се уплашени луѓе, уценети или им е ветено нешто што не го ни сонувале. По изборите ќе видат дека се е лук и вода.“
Сепак Стојан Андов е убеден дека коалицијата „Сонце“ ќе ги добие овие вонредни парламентарни избри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *