Categories
Охрид

Десет стебла од бор, во центарот на градот, бесправно исечени

Бесправно исечени десетина стебла од бор стари повеќе од дваесет години. Станарите на скалестата зграда на Булевар Туристичка останаа без зеленилото кое ги штитеше од аерозагадувањето. Ова не е прв пат на овој простор да се сечат дрвјата. Против сторителите ќе се води прекршочна постапка.

Зелените површини во централното градско подрачје кои се бели дробови на градот се повеќе се уништува. Утринава без дозвола на надлежните во локалната самоуправа и без согласност на станарите од таканаречената „скалестата зграда“ на „Булевар Туристичка“, бесправно беа исечени неколу стебла на бор стари повеќе од дваесет години. На повеќе дрвја им се искастрени гранките, а со тоа е доведено во прашање нивното понатамошно опстојување. Станарите видно вознемирени од ваквиот, како што велат хулигански чин и самоволие, веднаш откога виделе што се прави во нивниот двор, слегле пред зградата со цел да го спречат понатамошното уништување на дрвјата.Тие велат ова не е првпат. Дрвја се сечени во повеќе наврати .

Стефан Пецаков, кој живее во оваа зграда вели дека тоа го прави адвокатот Благоја Речкоски и сопственикот на „Фото Љубе“, а како причина ја наведува таа што од дрвјата не се гледаат нивните дуќани,па поради тоа им опаѓал прометот. Пецаков потенцира дека прометот не им опаѓа поради дрвјата туку поради тоа што не знаат добро да работат.
Пред неколку години истите сторители ставајќи различни отровни хемикалии во коренот на два бора ги исушиле, за што станарите тврдат дека имаат извештај од министерството за екологија.

Твм се обиде да ја слушне и страната на обвинетите, но тие не сакаа да зборуват за овој настан. Само ни кажаа дека ова за нив не е некаков вандалски чин туку добронамерна акција за о средување на паркот. Инаку за појаснување, никој не смее на јавна површина да исече дрво и или да го поткастри доколку не побара дозвола од специјална комисија која е составена од еден член од „Комуналец“ и од Локалната самоуправа. На местото на настанот дојде и раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танаскоски. Тој ни кажа дека сторителите немаат никаква дозвола за тоа што го сториле. На лице место беше направен запосник и согласно законот ќе биде покрeната прекршочна постапка до основниот суд во Охрид. Од него зависи каква разврска ќе има случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *