Categories
Охрид

Вмро-Дпмне ја започна предизборната кампања од Охрид

Големата победа ќе ја понесеме од Охрид –градот на Свети Климент, вака го започна синоќешниот митинг коалицијата „За подобра Македонија“ преводена од ВМРО ДПМНЕ.

 

Од Охрид започна големата предизборна кампања на коалицијата „За подобра Македонија“. Синоќа на преполниот градски плоштад коалицијата предводена од Вмро Дпмне ја најави големата победа која ќе ја извојува на престојниве избори, бидејќи како што беше истакнато народот знае да ја одбере најдобрата опција која ќе го однесе во подобра иднина. На митингот беа претставени кандидататите за пратеници и изборната програма “Преродба во 100 чекори – надградена и проширена“.

Пред охриѓани се обратија претседателите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ кои искажаа оптимизам и убедлива победа на изборите. Се слушна гласот и на помалите етнички заедници кои ставија акцент на изградбата на мултикултурното општество во кое сите етнички заедници ќе уживаат подеднакви права.Лилјана Попоска од ДОМ на охриѓани им вети дека развојот на туризмот ќе биде еден од приоритетите на коалцијата „За
подобра Македонија“. Охриѓанецот Александар Николоски, побара поддршка од гласачите за создавање
ефикасен парламент кој ќе ги изгласа сите закони за ЕУ и НАТО. Носителот на кандидатската листа во 5 ИЕ,
Антонио Милошоски, најави продолжување на реформите и зголемување на угледот на земјата во светот. За
спорот со Грција за името рече „Ние сме Македонци и Македонци ќе останеме и нема да дозволиме некој да
ни го менува нашиот идентитет, ниту ќе дозволиме менување на уставот. Охриѓани со овации го поздравија
обраќањето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој зборуваше за се она што досега е направено, но
акцент стави на тоа што ќе се прави допрва. Најави продолжување на реформите во сите сфери, како и укинување на Шенген визите за граѓаните на Р. Македонија. Груевски најави подобрување на економската состојба, повисоки субвенции за земјоделците, повисоки пензии и плати, намалување на придонесите за една третина, завршување на паневропските коридори 8 и 10, изградба на 19 регионални патишта и 2000
километри локални патишта, 2500 социјални станови за млади брачни паровиви, изградба на 100-на спорстки
терени, нови факултети и универзитети, продолжување на археолошките истражувања, културни проекти, како
и нулта толеранција за корупцијата и криминалот. Митингот го следеа околу 10.000 граѓани кои пристигнаа
од сите градови на Македонија со околу 270 автобуси. Ребека, Елена Ристевска, Јован Јованов, Ламбе
Алабакоски, Елвир Мехиќ, Соња Тарчуловска и други познати имиња од македонската естрада придонесое за
уште пожешка атмосвера. За ефектот да биде целосен на крај имаше и голем огномет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *