Categories
Охрид

Вмро Дпмне реагира на обвинувањата

„Постигнато е дното на политичката реторика, ништо ново не видовме и не слушнавме синоќа на митингот од коалицијата Сонце“ , вели Анита Кипаризоска Крстеска, кандидат за пратеник од Вмро Дпмне.

„Постигнато е дното на политичката реторика, ништо ново не видовме и не слушнавме синоќа на митингот од коалицијата Сонце“ , вели Анита Кипаризоска Крстеска, кандидат за пратеник од Вмро Дпмне.

Таа се осврна на обвинувањата упатени кон владата на премиерот Никола Груевски од страна на претседателот на Општинската Организација на Сдсм, Томислав Чингоски, кој потенцираше дека владата не реализирала ни дел од ветувањета за изградба на спортски сали во сите градови во Македонија, а проектот „компјутер за секое дете“ остана само на хартија.

„Тоа воопшто не е така,, , вели Крстеска. ,,Во многу градови се изградени нови спортски сали а, компјутеризацијата на училиштата сеуште трае,, . Таа додава, „се што ветивме исполнивме“ .

За неа се неосновани обвинувањата дека владата на Груевски многу малку инвестирала во културата, а особено не се согласува кога тука се спомнува Охрид. Крстеска потенцира дека се реализирани капитални проекти, меѓу кои ги издвои археолошките ископувања на Плаошник и изградбата на Св. Климентовиот универзитет.

По обвинувањата дека во Охрид е се помал бројот на туристите поради погрешното водење на надворешната
политика, Крстеска презентираше статистички податоци во кои стои дека во периодот од 2002 до 2005 год. кога на власт беше Сдсм, во Охрид, во туристичката сезона имало од сто и дваесет до сто деведесет и седум илјади гости, додека само во 2006 оваа бројка е речиси двојно зголемена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *